9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗабава''СВР Охрид го уапси пиштолот кој нападна охриѓанец додека разговарал со советникот...

”СВР Охрид го уапси пиштолот кој нападна охриѓанец додека разговарал со советникот Нефи”

По неколкудневна интензивна потрага полицијата успеа да го лоцира и да го приведе пиштолот, кој самоиницијативно, му нанесе повреди на граѓанин во моменти кога бил во пријателска прегратка со неговиот долгогодишен другар, охридскиот советник Нефи Усеини.

Според извештајот на полицијата, се работи за пиштол ЦЗ, модел ВЗ-50, односно истиот тој кој сведоците го индетификуваа како напаѓачот кој му зададе повеќе удари по глава на оштетениот. За среќа, нападот на разбеснетиот пиштол бил прекинат од охридскиот советник, чие присуство го спасило Топалоски од посериозни повреди.

Охридското обвинителство побара судот да му одреди 30 дневен притвор на пиштолот, со цел да се спречи негово влијаење врз сведоците или оштетените, но и за да не го повтори делото.

Текстот е измслен со цел малку да ве насмее и да привлече внимание.

Извор: koperacija

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...