13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСдсм: Mицкоси е еден незрел политичар кој цело време се обидува да...

Сдсм: Mицкоси е еден незрел политичар кој цело време се обидува да шири низа невистини и лаги.

Христијан Мицкоски останува неодговорен и незрел политичар, кој нема доблест да се соочи со реалноста и да преземе одговорност и продолжува да ја држи опозициската ВМРО-ДПМНЕ во минатото, во режимската и деструктивна матрица, велат од СДСМ преку соопштение.

Социјалдемократите додаваат дека во текот на најголемата криза со пандемијата на коронавирусот Мицкоски се однесувал деструктивно, ширел лаги и невистини дека нема доволно тестови за ковид-19 во државата и ги делел здравствените работници по партиска основа.

„Неговото неодговорно однесување за време на пандемијата кулминираше со континуираното непочитување на мерките за заштита. Мицкоски за време на пандемијата одеше во теретана, кога спортските објекти беа затворени, седеше во затврен дел од кафана, кога тоа беше забрането, а на предизборните собири на ВМРО-ДПМНЕ не се почитуваа мерките за заштита од пандемијата.

Претходно, неодговорниот Мицкоски правеше се за да го спречи носењето на Законот за јавно обвинителство во обид да ги спаси криминалците и тајкуните од ВМРО-ДМНЕ, правеше се за да ја блокира интеграцијата во ЕУ и НАТО, во обид да ја врати државата назад во изолација.

Ништо не му успеа на Мицкоски. Граѓаните трипати по ред ја поразија неговата незрела, неодговорна и антидржавна матрица.

Мицкоски како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ ништо конкретно не им понуди на граѓаните, но додека беше на чело на најголемата електро-енергетска компанија многу конкретно ја покачи цената на струјата за цели 100%. Мицкоски е најлошиот директор на ЕСМ.

Додека му беше советник за енергетика на Груевски, Христијан Мицкоски си доби бизниси со хидроцентрали токму од Владата во која бил советник.

За сето ова време Мицкоски покажа дека не го бидува за ништо освен за одбрана на криминал и остварување сопоствени бизнис интереси. Со таков нечесен и неодговорен однос кон граѓаните, Мицкоски уште долго време ќе биде на поразената страна“, наведе СДСМ во соопштението.

извор: Makfax

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...