6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонија40.000 пензионери ќе останат без својата пензија..

40.000 пензионери ќе останат без својата пензија..

Околу 40.000 пензионери нема да земат пензија идната недела. Според извори на Сител од Фондот за пензиско, само 10.000 пенизонери заклучно со вчера кога истече рокот, отвориле сметка во друга банка откако Еуростандард пропадна.

Турканици пред банките имаше цела недела, но заради здравствените протоколи отворањето нова сметка за најстарите лица оди многу бавно. За овие 40.000 лица кои не успеаа да отворат сметка во друга банка пензија ќе има тогаш кога ќе го сторат тоа. За нив исплатата на пензијата ќе трае и до 25 сепетември што значи дека може и цел месец да останат без пари.

За оние граѓани пак кои веќе имаат нова сметка и картичка, пензија ќе има в среда на 26 август. Пензионерите кои имаат сметка, а не користат картичка ќе можат да ги извадат парите од банка во период од 26 до 1 септември во зависност од висината на пензијата.

Еуростандард банка имаше околу 100.000 клиенти – половината од нив пензионери, останатите вработени или приматели на социјална помош. 34.000 од пензионерите пак, пензијата ја добиваат на врата преку Макеоднска пошта. Сите овие треба итно да отворат нови сметки.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска бара одговорност за случајот. Прашуваат зошто дури сега пропаѓа банката за кој сите, вклучително е Заев цела година знаеле дека е во лоша состојба.

„Легитимно прашање е зошто се брзаше со избори и веднаш потоа се затвори банката, дали е поради тоа што се чекаше одредени блиски компании до власта да излезат од банката и да ги спасат своите средства, а со тоа да го забрзаат и нејзиното пропаѓање. Наспроти ажурноста на одредени компании целокупниот финансиски државен апарат затаил. Јавното обвинителство, финансиската полиција, агенцијата за финансиско разузнавање, комисијата за хартии од вредност не дале никаков сигнал за лошите текови во банката“, вели Гордана Димитриоска Кочоска од ВМРО ДПМНЕ.
сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...