9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласи сопругата на Апасиев: Гледам ни љубоморите за Алфата, па еве...

Се огласи сопругата на Апасиев: Гледам ни љубоморите за Алфата, па еве ќе ви ја продадам за 2.000 евра !!

Димитар Апасиев е македонски политичар и правник, универзитетски професор и лидер на македонската политичка партија Левица. На парламентарните избори во 2020 година, неговата партија за првпат освојува две пратенички места, со што тој влегува во македонското Собрание како пратеник.

 

Апасиев моментално (2020) е вонреден професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип – Катедра за граѓанско право. Предава: Римско право, Историја на правото, Философија на правото и Судска реторика.

Претходно, пет години бил доцент, една година бил асистент-докторанд, три години бил помлад асистент на штискиот Правен факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“. Апасиев пет години работел како демонстратор на Правен факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.

 

Негов научен интерес првенствено е правната романистика и правно-историските, правно-философските и јавноправните науки, како и други сродни јуристички дисциплини.

Има учествувано на повеќе од стотина домашни и меѓународни симпозиуми, научни расправи, стручни собири, конференции, средби, смотри, семинари, летни и зимски школи, кампови, промоции, обуки, презентации, трибини, панел-дискусии, тркалезни маси и јавни дебати од различни области на правото.

 

Деновиве неочекувано многу се зборуваше и пишуваше за тоа што вози лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој утрово на оваа тема даде инересен коментар:

Само АЛФА мажјак вози Алфа Ромео на жена му – напиша Апасиев на својот профил на фејсбук.

 

И неговата сопруга, Тамара Јованов не остана имуна на овие случувања, па и таа на својот профил на фејсбук објави:

Ако сакате да ви ја продадеме Алфата, зашто гледам дека се’ неа ја зборите. Ќе ви ја дадеме за 2000е, оти се подрасипува чат-пат, ама инаку е коска.

 

Па ние ќе си купиме друга (евентуално пак за 3000е), за да има за што да си правите муабет и за некое време, а и ние со што да се возиме, кога не не’ собира на точак сите четворица. Пс. За морализатори има посебен круг во пек оло…

извор: галама

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...