5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветКим Џонг Ун е во кома -тврди дипломата а еве кој раководел...

Ким Џонг Ун е во кома -тврди дипломата а еве кој раководел со државата

Јужнокорејскиот дипломат Чанг Сонг-мин тврди дека лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, е во кома, а контролата над државата ја презела неговата сестра.

Поранешниот помошник на јужнокорејскиот претседател Ким Дае-џунг тврди дека Северна Кореја ја крие вистината за влошувањето на здравјето на лидерот и вели дека тој се наоѓа во кома.

Дипломатот за локалните медиуми додал дека сестрата на Ким – Ким Јо-џонг е во позиција да преземе дел од овластувањата од својот брат.

Чанг Сонг-мин ги изнел своите тврдења иако севернокорејските медиуми објавија фотографии кои наводно докажуваат дека Ким Јонг Ун присуствувал на состанок на владата во четвртокот.

Шпекулациите за здравствената состојба на владетелот на Северна Кореја сè повеќе се зголемуваат поради отсуството на неговите јавни настапи оваа година. Минатата недели, медиумите пренесоа дека Ким ѝ дал поголем дел од овластувањата на својата сестра и дека таа сега е задолжена за севернокорејската политика кон САД и Јужна Кореја.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...