14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветКога се сака се се може: На 81 година го заврши и...

Кога се сака се се може: На 81 година го заврши и четвртиот факултет !!!

Осумдесет и едногодишниот Халит Меџит од градот Трабзон во Турција деновиве дипломираше на Правниот факултет на Универзитетот „Анадолу“, што е негова четврта универзитетска диплома, со што сигурно може да биде најдобар пример за многумина, пишува агенцијата Анадолија (AA).

Овој упорен Турчин во 1991 година најпрвин се стекнал со инженерска диплома на Универзитетот „Џумхуриет“, а подоцна дипломирал и на Високите технички училишта во Истанбул и Анкара.

По успешниот работен век се пензионирал во 1990-тите години и извесно време бил член на Градскиот совет, а за својата работа добил бројни награди и благодарници.

Во разговорот за АА тој вели дека никогаш не е доцна за учење и за стекнување знаење, додавајќи дека Павниот факултет успеал да го заврши за само две и пол години.

И покрај поодминатите години, тој и понатаму извршува одредени работи како инженер, а целиот живот го поминал напорно работејќи, читајќи и стекнувајќи нови знаења.

Маџит многу го сака читањето, во слободното време пишува песни, досега има објавено пет книги додека најновата книга е подготвена за печатење.

„Луѓето се среќаваат со нови случувања и информации додека читаат и се едуцираат. Луѓето најлесно се соочуваат со животните предизвици благодарение токму на образованието“, рече Маџит, додавајќи дека на сите луѓе им порачува секогаш и на секое место додатно да се едуцираат и да го усовршуваат своето знаење.

„Човечките битија преку образованието доаѓаат до нови откритија и со тоа светот го прават подобро и посреќно место за живеење“, рече тој, напоменувајќи дека учел многу додека студирал на Правниот факултет.

„Станував во 3 часот наутро. Тогаш многу подобро учев. Положив 32 предмети. Пред тестовите подготвував белешки и читав релевантни книги, а користев и интернет при учењето“, рече Маџит.

Наведе дека никогаш нема да престане со едуцирањето и усовршувањето.

„Образованието и работата едноставно се мојата храна. И понатаму ќе пишувам книги и ќе се едуцирам“, додаде Маџит.

Тој им порача на младите во слободно време секогаш нешто да читаат и да се едуцираат за светот околу себе.

„Книгата е најдобриот пријател на човекот. Младите треба да имаат книга во рацете дури и кога се во автобус или трамвај. Читањето ги учи луѓето на она што не го знаат и ги учи како да живеат убаво“, рече Маџит.

Тахсин Албајрак, координатор на Правниот факултет, раскажа дека го запознал Маџит во 2017 година кога штотуку се запишал на факултетот.

„Навистина сме горди на неговата огромна желба за учење, на големиот труд и успех што го постигна. Му посакуваме долг и здрав живот“, рече Албајрак, додавајќи дека Маџит е најдобриот пример за младите дека никогаш не е доцна да се започне со факултет.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...