6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР САРДИСАН 2001, ОВА ЗЛОДЕЛО НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ...

ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР САРДИСАН 2001, ОВА ЗЛОДЕЛО НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ…

23 август 2020 година, Тетово, Македонија – На 21 август, пред 19 години, за време на војната 2001 година, терористи на ОНА ја минираа и целосно уништија манастирската црква “Свети Атанасиј“ во далеку прочуениот Лешочки манастир под Шар Планина.

Со минирање, манастирската црква “Свети Атанасиј“ беше до темел разрушена. Остана само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот. Двете куполи на нартексот беа останати, при што на јужната купола беа видливи конструктивни пукнатини. Се’ беше уништено од експлозијата, освен неколку фрески на светители коишто останале на неурнатите ѕидови… Црквата “Свети Атанасиј“ беше реконструирана со истиот камен користен во нејзината првична изградба. Камењата беа сочувани и нумерирани со помош на националниот Институт за заштита на културното наследство, кој направи детална студија за проектот. Обновата на ѕидот и фасадата се изврши со помош на Брисел кој обезбеди 410.000 евра преку Европската агенција за реконструкција во Македонија.

Преосветувањето на Црквата “Свети Атанасиј“ се изврши на 14 октомври 2007 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, кога Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва прославуваа 40 години од возобновувањето на нејзината автокефалност. Преосветувањето на Црквата го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, со присуство на повеќе архиереи на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ.

Лешочкиот манастир претставува најголем духовен центар во Тетовско. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во манастирскиот комплекс се наоѓаат црквите “Свети Атанасиј“ и “Света Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчинович кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век.

Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски позната како Стар манастир.

Манастирот за првпат е основан во 1321 година од страна на епископот полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Кирил Пејчинович од Света Гора во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.

Манастирот досега двапати е рушен. Првпат во 1690 година Османлиите го разурнале целиот комплекс со црквите. Вторпат манастирот го кренале во воздух албанските терористи во војната 2001 година.

За првпат манастирот е сардисан во 1710 година. Тогаш турски јаничари го нападнале манастирот, монасите целосно се разбегале и манастирот останал напуштен се’ до доаѓањето на Кирил Пејчинович кој го возобновил монашкото братство во 1817/18 година.

По вторпат манастирот бил сардисан од Албанците од соседното село Слатина и од други долнополошки села во август 1905 година. Причина било убиството на двајца слатинчани во Слатинското Поле, ноќта пред празникот Света Богородица, од група комити, за кои се мислело дека се наоѓаат во Манастирот. Благодарение на големата присебност и на мудроста на тогашниот игумен јеремонах Еротеј во тие критични моменти, сардисувањето не завршило со трагични последици за Манастирот и присутните илјадници гости.

По третпат манастирот е сардисан за време на војната 2001 година на 21 август. Со силна детонација во 3 часот утрото, црквата “Свети Атанасиј“ била разрушена до темел со минирање.

Иако разурнат, во организација на дневниот весник Дневник и Светскиот Македонски Конгрес, на 28 август 2001, манастирот беше посетен и во него одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица. Се разбира, не со зурли и тапани, туку со солзи, јад и жал. И покрај педупредувањето од Владата, дека манастирскиот комплекс и пристапот до него е миниран и дека одговорноста е на тие што ќе заминат, а Владата не гарантира безбедно пристигнување, конвој од автобуси и стотина возила на 28 август 2001 година во утринските часови замина кон Лешочкиот манастир. Полициски возила го следеа конвојот до Тутунскиот комбинат во Тетово, а оттаму автобусите и возилата продолжија кон Лешочкиот манстир без полициска придружба.

 

– Не постоеше страв кај верниците и медиумите кои на 28 август 2001 година заминаа кон Лешочкиот манастир и покрај сите владини предупредувања. Во конвојот имаше и домашни и странски медиуми. Не бодреше верата во Бога и мислата дека традицијата за манастирската слава мора да продолжи, празникот Успение на Пресвета Богородица мора да се одбележи, независно од војната и минирањето на манастирот. За среќа и со Божја промисла, попат конвојот не доживеа никаква провокација од никого, бебзедно пристигнавме во манастирот. И покрај предупердувањето дека манастирот е миниран, не не’ пресретна минско поле, ниту детонации. Се разбира, морничава беше глетката од разурнатиот манастир кој на сите ни беше пред очи со сета негова божја убавина пред 21 август. Од редакцијата на Дневник побараа веднаш да се вратиме назад кон возилата на пат за Скопје. Делегацијата на Светскиот Македонски Конгрес беше убедена дека не дојдовме туристички, за веднаш да се вратиме, туку пред заминување со молебен да го прекршиме славскиот колач од свештеник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Лично се јавив во полошката митрополија, ни потврдија дека од безбедносни причини Неговото Високопреосвештенство г. Кирил Митрополит Полошко-Кумановски не е во можност да пристигне во манастирот, меѓутоа поради наше инсистирање ќе испратат свештеник да одржи молебен во манастирот. Решивме да го почекаме свештеникот од Тетово, сите бевме возбудени. Од околните ридишта над манастирот се забележуваа вооружени лица во црни унифирми кои го следеа нашето присуство.

     

 

Конечно, пристигнаа свештеници од Тетово и собрани пред разрушената црква “Свети Атанасиј“ се одржа молебенот со кршење на славскиот колач и запалени свеќи, со молитви за мир и љубов, и аманет било, никогаш повеќе ова злодело да не се повтори. Ми пријде новинар од CNN со прашањето “Господине Петров, дали Вашето доаѓање во Лешочкиот манастир претставува провокација?“ Одговорив кусо “Нашето присуство во Лешочкиот манастир не претставува провокација кон никого. Не нарушивме ничија приватност, ниту приватна сопственост. Ова е Македонија!Дојдовме да одбележиме една вековна традиција, која секоја година со илјадници верници и Македонци во овој манастир и на овој ден се одржува – Успение на Пресвета Богородица и покрај деструкцијата врз Лешочкиот манастир од терористите на ОНА. Во овој манастир, неколку стотини години пред формирањето на американската држава, цутела писменоста и културата, се негувала верата во Бога и Исус Христ Спасителот.“ И покрај се’, после молебенот, повеќемина за вечен спомен понесоа камче со делови од фреските на манастирот, се вративме безбедно со конвојот автобуси и возила назад во Скопје од каде што утрото тргнавме. Не ја прекинавме традицијата, го одбележавме големиот христијански празник на Лешочкиот манастир – Успение на Пресвета Богородица. Како да беше вчера, за многаја лета, било, никогаш да не се повтори, Амин, – изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

 

На 21 мај 2016 година во манастирскиот двор е поставен мермерен крст изработен од едно парче мермер, подарок од Руската амбасада во Македонија, во чест и спомен на руските монаси кои на почетокот на XX век емигрирале од Русија во Македонија и живееле во манастирот. Крстот е осветен од Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва и делегација на Руската Православна Црква предводена од игуменот отец Мефодиј од Валаамскиот ставропигијален манастир на Руската Православна Црква.

 

За многаја лета Успение на Пресвета Богородица, за навек Лешочкиот манастир! Амин!

Светски Македонски Конгрес

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...