8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЕстрадаНаум Петрески збесна: ''Носете се у мајчина естрадни уметници и ѕвезди со...

Наум Петрески збесна: ”Носете се у мајчина естрадни уметници и ѕвезди со се шарената влада” !!

Се уште се тресе естрадното тло по шпекулациите дека финансиската помош за музичарите од страна на државата поради ситуацијата со пандемијата е распоредена нетранспарентно и на луѓе кои немаат потреба од истата.
Имено, на официјалниот Фејсбук профил на здружението ЗЕУМ кое до неодамна беше раководено од музичарот Благоја Грујовски беше објавен статус во кој се вели дека челните луѓе на здружението по втор пат ќе побараат помош од државата, но овој пат исклучиво за музичарите кои се членови на здружението, додека претходното барање крена лавина од коментари во кои музичарите ги изразија незадоволството и стравот дека ќе бидат обврзани со давачки кон државата.
Наум Петрески не додржа до себе и силно „удри“ по своите колеги, а чашата ја прелија оние колеги кои наводно се декларираат како естрадни уметници и ѕвезди, но, според него, не се од негов ранг.
– Носете се у мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди, без никаков багаж и тежина со се шарената Ваша влада, – стои во коментарот на музичарот Наум Петрески, објавен на профилот на здружението на естрадни уметници ЗЕУМ.
И претходно Наум Петрески знаел бурно да изреагира и без влакна на јазикот да коментира за други музичари и негови колеги од светот на музиката, но како ова ќе го прифатат истите тие колеги и каков епилог ќе добие самата завршница на сето ова, останува да видиме.Нема достапен описНема достапен опис

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...