8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВласта и полицијата немоќни -Нефи Усеини од ДУИ од бегство си отвори...

Власта и полицијата немоќни -Нефи Усеини од ДУИ од бегство си отвори фирма во Битола

spot_imgspot_img

Како што јавува порталот  https://admin.irl.mk/ охридскиот советник, бизнисмен и бегалец од правдата Нефи Усеини го проширува бизнисот. Тој е во бегство, но тоа не го спречи да си отвори нова фирма во Битола за производство на градежни материјали. Фирмата Бетон 2020 Н&О ДОО Битола е партнерска заедно со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител.

Нова фирма на Нефи Усеини

Денес е шестиот ден како полицијата не може да го лоцира Усеини за кого е определена мерка притвор и е во бегство. За овој случај полицијата и охридското обвинителство ги гонат Нефи Усеини и неговиот брат за две кривични дела, насилство и недозволено држење на оружје откако од безбедносните камери на местото на настанот е снимен инцидентот. Потрагата по Усеини продолжува и покрај пишаната амнестирачка изјава од неговата жртва Спирко Топалоски кој ја смени првичната изјава и сега тврди дека само се скарале со советникот и не видел пиштол. По барање на судот, обвинителството му определи притвор од осум дена, но наместо да биде во ќелија тој си отвори нова фирма.

42- годишниот Усеини е советник на ДУИ во општината Охрид и истовремено бизнисмен кој гради и поседува дивоградби во градот и околината и кои досега не се урнати, освен бетонската база на влезот во Охрид.

Нефи Усеини низ годините имал многу кривични пријави, но само една условна пресуда. Тој бил гонет за насилство, тешки кражби, предизвикување општа опасност, фалсификување патни исправи, загорзување на безбедност, но не одлежал ниту еден ден затвор.

Извор https://admin.irl.mk/

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...