9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов: До пред три дена немавме никаков проблем, не знам од каде...

Шилегов: До пред три дена немавме никаков проблем, не знам од каде надојдоа олку комарци, ама со вондредното прскање ќе се среди и ова.

spot_imgspot_img

Последното прскање против комарци беше викендот на 15 август и согласно препораките на Институтот за јавно здравје беше одлучено да има пауза од десет дена. Требаше да биде денеска, но поради врнежливото време, е откажано за утре, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Предмет на запрашување се над 10 илјади хектари и тоа ќе се извршува во два дена, со што, како што посочи Шилегов ќе бидат опфатени сите 54 гнезда, односно жаришта на комарци на територија на Град Скопје.

– Се надевам дека со вонредното прскање ќе се надмине проблемот, за една сеозна што беше премногу врнежлива за да може со редовно одржување. До пред три дена немавме проблем, вонредни се околностите и затоа е вонредно и прскањето, изјави Шилегов.

Прашан колку ќе чини вонредното прскање против комарци, Шилегов рече дека договорот што Градот Скопје го има склучено за прскање против комарци е двегодишен, што значи оваа и следната сезона и нема да чини ништо повеќе од тоа што е предвидено во буџетот.

– За жал, забораваме дека во првите дена од август имавме екстремни и невообичаени врнежи на дожд, што експертите тврдат дека се создале природни услови за неконтролирано размножување на комарците, изјави Шилегов.

Посочи дека имал консултации со Институтот за јавно здравје, за можноста и за време на викендот да биде извршено вонредно прскање.

– Меѓутоа мора да го имаме предвид и здравјето на луѓето. Препораките на Институтот се дека прскањето со инсектициди, ако е зачестено може да го загрози и здравјето на граѓаните. Токму и затоа беше одбрано да имаме пауза од десет дена, без оглед што последните три или четири се навистина мачни со комарците. Последното прскање беше викендот за 15 август и не мислам дека ќе беше во ред повторно да се создаде можност за евентуално поголема токсизација на воздухот, изјави Шилегов.

Прскањето требаше да биде денеска, но како што рече Шилегов, беше откажано поради врнежливото време.

– Утре во 4.30 ќе има запрашување на градот. Станува збор за една строго контролирана постапка, во која смесата се меша во присуство на претставници на производителот, на Град Скопје и здравствените институции, со цел на ниту еден начин не ја загрози безбедноста на граѓаните, изјави Шилегов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...