7.7 C
Ohrid
четврток, ноември 26, 2020
Почетна Македонија Дали Нефи Усеини невидливо со Дрон слетал во затворот во Охрид?!!

Дали Нефи Усеини невидливо со Дрон слетал во затворот во Охрид?!!

Translate (Eng):[gtranslate]

На повидок нов скандал во работењето на СВР Охрид , повторно поврзано со контраверзниот советник Нефи Усеини и неговото денешно „доброволно“ пријавување во КПУ „Затвор“ Охрид?!

ДВЕ ВЕРЗИИ ,МНОГУ ДИЛОВИ ПОВРЗАНИ ПОМЕЃУ ПРВИОТ ЧОВЕК НА СВР ОХРИД И НЕФИ УСЕИНИ?

Денешниот настан во кој Нефи Усеини сам со својот брат се појавиле пред вратата на КПУ „Затвор“ Охрид, преставува скандал , кој само додатно ја разоткрива спрегата на полицискиот врв во Охрид и криминалното подземје!

РЕКЛАМА

КПУ „Затвор“ Охрид лоциран е внатре во самата полициска станица, поточно во седиштето на СВР Охрид.За да се пристигне до вратата на затворот , човек мора да помине низ две контроли на кој 24/7 дежураат вооружени до заби припадници на полицијата.Било кој да има потреба да оди во Затвор Охрид ,најнапред ја поминува контролата на полицијата , која го најавува посетителот во охридскиот затвор.Секој влез со возила во затворскиот дел е затворен од страна на полицијата ,а пристап имаат само службени возила на управата на охридскиот затвор.

Крајно нејасно и симптоматично преставува фактот ,како лицето Нефи Усеини и неговиот брат,кој се бараа со интерна полициска потерница, се појавиле пред вратата на охридскиот затвор, звонале на звочето на затворската управа и се обратиле на дежурниот чувар на капијата на охридскиот затвор со зборовите :„Ние дојдовме за притвор“!?

Крајно нејасно е како лицето Нефи Усеини и неговиот брат И.У, пристигнале до СВР Охрид,а да не бидатприметени од полициските службеници, а уште повеке изненадува фактот , како Нефи Усеини и неговиот брат поминале низ полициските службеници на капијата на СВР Охрид ,поминале низ кругот на СВР Охрид кој е затворен и пристигнале на влез во Охридскиот затвор ,без никој да ги примети?!

Од СВР Охрид за да го заташкаат скандалот со изјава дека наводно помошникот директор на Охридскиот Затвор кој е од редовите на ДУИ, го донел Нефи Усеини и неговиот брат во охридскиот затвор со негово приватно возило,а полицајците не го контролирале возилото , затоа што знаеле дека тоа возило е на помошникот директор на охридскиот Затвор!? Пропоси во работењето на полицијата и да било така , постојат и некој мора да замине од редовите на полицијата!?

Од страна на директорот на КПУ Затвор Охрид Ристе Недески,запрашан дали има вистина во тврдењето на СВР Охрид ,дека неговиот помошник го довел Усеини со негово возило,Недески дециден:

–„Лицето Нефи Усеини и неговиот брат Ибро ,на кој им бнеше определена мерка притвор до 8 дена ,за што во затворот имавме добиено судско решение , денес се појавија пред врата на затворот.Не е воопшто точно ,дека мојот заменик со возило ги донесол,кој и да лиферува такви лаги ,не се вистинити.Како влегле во кругот на полицијата,како дошле до затворската врата постои видо надзор во СВР Охрид и во затворот,но вакви невистини и шпекулации се далеку од вистината.Ние како затвор постапуваме по судско решение и немаме надлежност да бараме лица кој се бараат по потерница низ државата, тоа нека си кажат од полиција“ , истакна Недески директор на КПУ Затвор Охрид.

КОЈ МУ ОВОЗМОЖИЛ БЕГСТВО НА УСЕИНИ И КОЈ ГО ВНЕЛ ВО ОХРИДСКИОТ ЗАТВОР ОД ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ?

За повеќе може да прочитате на следниот линк:

- Реклами -