4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПечалбари од Пласница изградиле нови куќи за сиромашни семејства од селото Преглово

Печалбари од Пласница изградиле нови куќи за сиромашни семејства од селото Преглово

Со помош на печалбарите на привремена работа во западно- европските земји од општина Пласница, но и од други хумани луѓе, деновиве во завршна фаза е изградбата на две нови куќи за две социјално загрозени семејства во село Преглово.

Општината Пласница отстапи место за градење на куќите за овие две семејства и тоа едното тричлено, а другото петчлено семејство, кои живееја во многу тешки услови пишува ДОСИЕ.МК.

– За семејствата на Мујо и Раим, наши сограѓани кои живеат и се на привремена работа во странство сообраа средства и сега веќе двете куќи се во последна фаза на изградба. Но она што е најбитно средствата се обезбедени за прозори и внатрешно уредување на куќите, морам да им се заблагодарам на сите добронамерни луѓе кои помогнаа да се градат овие две куќи, бидеќи еден мал дел од средствата се обезбедени и од овдешни донатори, рече в.д. градоначалникот на општина Пласница, Елсан Нурчески.

Тој најави дека за да се вселат овие семејства во новите куќи, преостанува донација на апарати за домаќинство, мебел односно покуќнина. Р.Д.

ДОСИЕ.МК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...