6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСолза Грчева: Леле ако дојде Апасиев со мене на дуел пердуви ќе...

Солза Грчева: Леле ако дојде Апасиев со мене на дуел пердуви ќе летаат од него !!

Лидерот на Глас за Македонија, Солза Грчева, ги потврди обвинувањата дека ВМРО ДПМНЕ ја формирала партијата на Димитар Апсиев, со проценка дека таа партија ќе земе гласови од СДСМ.

Тоа ми го потврди поранешниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и поранешен премиер, Емил Димитриев, вели Грчева.

Во коментар на Vasko Eftov Fan Club, Грчева го повика Апасиев на телевизиски дуел за да ги расчистат обие работи:

Еве јас го канам на дуел. Да видиме чии пердуви ќе летаат, вели Грчева.

Грчева проценува дека на следните избори Апасиев ќе им одземе десет пратеници на ВМРО ДПМНЕ.

Според Грчева, Апасиев бегаше од дебати дека немаше аргументи. Ова што го кажа Бачев за формирањето на Левица е до збор точно. Лично ми го кажа Емил Димитриев кога ги формираа. Демек ќе земале леви гласови. Тогаш бев во Собрание. Само касно ќе се освестат овие кои го фалат. На следните избори од ДПМНЕ ќе им земе уште 10 пратеници.

Од делувањето на Апасиев корист ќе имаат Зоран Заев и СДСМ, проценува Грчева!

Заев си гледа сеир. Да сакаше да го урне Апасиев пред избори само ќе кажеше дека бил советник на Катица Јанева и ја палеше канцеларијата на Иванов. На ниту еден протест не излезе на говорница. Ама Заев итро си одигра со него. Дечкото зема десни, и речиси ниту еден глас од левите, вели таа.

Според Грчева и во ВМРО ДПМНЕ и нивните гласачи да направија мала анализа пред изборите ќе дојдоа до истите заклучоци.

Прва ја проценив Катица Јанева кога сите ја креваа во небо. И за ова помнете ми ги зборовите. А со доцентска плата не се купуваат станови и бесни коли. Кој разбрал, разбрал, вели Грчева.

Извор: vocentar.com

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...