16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонците знаат да си помагаат кога им е најтешко: Собрани средствата за...

Македонците знаат да си помагаат кога им е најтешко: Собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Апелот за помош на Слободан Попов-Цобе стигна до голем број на хумани луѓе. Хуманоста и човечноста повторно победија и во оваа битка. Собрани се потребните средства за операција на Слободан Попов-Цобе.

Утрово, семејството и блиските на Слободан Попов-Цобе ја соопштија веста дека се собрани 50.000 евра за операцијата која треба да биде направена во Солун и за чие лекување е веќе постигнат договор за спроведување на третман со онко-хипертермиска и хемо-терапија со Друштвото за трговија и услуги БИОМЕД ЕИД дооел Скопје, кој е овластен дистрибутер на Onco-Hyperthermia Group, Thessaloniki, Грција и EUROMEDICA GENIKI KLINIKI OF THESSALONIKI, Грција.

Исто така, семејството на Цобе, информираше дека при процесот на собирање на хуманитарните средства биле собрани дополнителни 13.500 евра од кои дел ќе бидат наменети за постоперативно лекување на Цобе, а дел од овие хуманитарни средства семејството на Слободан одлучи да ги пренасочи за лекување на Христијан Јованов, тринаесет годишното дете од Кавадарци кое боледува од Leucemia acuta lumphoblastica и чиешто лекување е започнато на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, Словенија.

Во хуманитарната акција која започна пред околу две недели се приклучија голем број јавни личности, компании и хумани луѓе кои што донираа и повикуваа на донација „Со срце за Цобе“.

-Нашето семејство изразува огромна благодарност за хуманитарната акција во која се вклучија голем број на луѓе и компании и со чиja помош Цобе ќе може повторно да му се радува на семејството, неговите најблиски и на новиот ден. Сакаме да испратиме силна порака до сите кои што можат да помагаат, да дадат мал придонес на сите на кои што им е најпотребно, за да можеме да спасиме живот, велат од неговото семејство.

MИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...