9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопјани влегле да крадат во зоолошка,  Лавот ги предал во полиција

Скопјани влегле да крадат во зоолошка,  Лавот ги предал во полиција

Четири лица ноќеска околу 1.30 часот провалиле во скопската Зоолошка градина. Не е украдено ништо ниту е причинета материјална штета бидејќи чуварот во градината веднаш реагирал, а фатени се откако рикањето на белиот лав Чака ги открило каде се.

Директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека по пријавата на чуварот полицијата веднаш стасала во градината и ги уапсила провалниците. „Лицата се прекачиле во градината преку оградата кај бараките на Град Скопје.

Полицијата и чуварот ги пресретнале кај живеалиштето на белиот лав Чака, кој во моментот бил во надворешното живеалиште. Ги видел провалниците, се исправил на оградата и почнал силно да рика. Тоа било знак за полицијата полесно да ги најде, по што беа уапсени”, вели Галетановски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...