13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев ја покани Левица во Коалиција, но Апасиев му одговори експресно брзо...

Заев ја покани Левица во Коалиција, но Апасиев му одговори експресно брзо на понудата !!!

Во попладневото продолжение на седницата по втората пауза, мандатарот Заев реплицирајќи му на пратеникот Борислав Крмов од Левица му порача дека со ставовите и вредностите што ги изнел во делот за економијата, всушност тој не знае зошто тие како партија остануваат во опозиција.

– Не знам зошто останувате во опозиција. Според мене со една ваква дискусија имаме една убава можност за соработка, затоа што вредностите за кои зборувате се застапени во концептот едно општестово за сите, рече Заев, како одговор на изјавата на Крмов, кој рече дека тие како Левица во Собранието на сите пратеници без разлика на етничката припадност ќе им се обраќаат од позиција на класните разлики во општеството.

Инаку партија Левица е против членството на Македонија во НАТО пактот. И во многу наврати давала анти НАТО изјави, и тоа стои и во нивната изборна програма.

Крмов во своето обраќање истакна дека Левица се единствената левичарска партија во Парламентот и се осврна на економијата во делот на владината програма, која, како што рече е главната болка на граѓаните.

-Во програмата се откажувате од прогресивниот данок, односно предвидувате инклузивен процес на разговори и консензус за воведување прогресивен данок. Смешно е да се очекува крупниот капитал самоинклузивно да се согласи да се даночи. Ако сакате го даночите крупниот капитал треба да се собере храброст и да го искористите државниот апарат, нагласи Крмов.

Во однос на укинувањето на ДДВ за увоз на суровини и машини, имаше забелешка дека тоа значи префрлање на средствата од буџетот на РСМ во џебовите на странските инвеститори во слободните економски зони.

– На овој начин и домашното производство на суровини се става во ситуација да изумира. Продолжувате со штетната политика на наградување на странските инвестиции, рече Крмов и даде забелешка и за намалувањето на персоналниот данок на вработените во ИТ секторот, имајќи предвид дека тие имаат едни од највисоките плати во државата. Смета дека даноците би требало да се намалат кај оние кои едвај месечно врзуваат крај со крај.

Заев во својата реплика нагласи дека за 300 отсто е зголемена социјалната помош. Истакна дека почнале со прогресивниот данок, но увиделе дека државата губи и јавно признале дека треба да се доработи концептот и понатаму со консензус, во кој ќе учествуваат и синдикатите и работниците да се донесе вистинско решение.

-Дефинитивно имаме голема разлика меѓу економските слоеви во општеството, дефинитивно треба сите да работиме да ги намалиме ваквите економски разлики, рече Заев, но додаде дека не смеат да се заборават зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, зголемувањето на просечната плата, покачувањата на платите на лекарите, професорите, културните работници, вработените во детските градинки.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...