13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: ''Јас сум човекот што ќе ги претвори вашите соништа во јаве''...

Заев: ”Јас сум човекот што ќе ги претвори вашите соништа во јаве” !!!

Привлекување на домашниот капитал да влезе во инвестиции, привлекување на странски инвестиции, намалување на непродуктивните трошоци во администрацијата, но и посилно и поквалитетно здравство се дел од активностите на новата влада кои вечерва пред нејзиниот избор ги најави мандатарот Зоран Заев кој пред полноќ беше избран за премиер.

-Моќта, славата и среќата од слава и пари не се мојот идеал. Мојот идеал е да се биде среќен во земја на среќни граѓани. Тоа е нешто кон кое се стремиме. Граѓаните имаат право да имаат соништа, а ние треба нивните соништа да ги направиме јаве, рече Заев.

Тој пред пратениците истакна дека сега повеќе немаме отворени етнички прашања во државата, и дека сите мора да работиме заедно за сите граѓани подеднакво. Најави посветеност на економијата, намалување на сите непродуктивни трошоци во администрацијата и јакнење на економскиот стандард на граѓаните и сеопшта поддршка на македонската економија.

-Ќе работиме на привлекување на домашниот капитал да влезе во инвестиции. Максимално ќе работиме за привлекување на што е можно повеќе странски инвестиции. Новите информатички дејности се одличен мегдан за сите граѓани, посебно за помладите, истакна премиерот.

Според него претстои стабилен политички период и испрати повик до младите да останат дома,да не заминуваат во странство.

-Помогнете во трансформацијата на нашата земја, помогнете во европеизацијата на нашата земја. Да бидеме земја која ќе нуди еднакви можности за сите, порача Заев.

Премиерот се осврна и на правниот систем за кој рече дека треба да е ефикасен, транспарентен, правичен и одговорен.

– Борбата против севкупниот криминал и корупција во државата ќе биде еден од првите и најважни фокуси. Законот мора да важи за сите, а најодговорни мора да бидат носителите на функциите, нагласи Заев.

Премиерот ја повика опозицијата на соработка.

-За стратешките прашања во државата задолжително очекува нашиот народ да соработувам и очекувам како претседател на Владата да имаме соработка со опозицијата. Но, искрено се надевам и за другите прашања да имаме соработка, рече Заев.

Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ во обраќањето пред мандатарот, исто и како неговите сопартијци го стави под прашање успехот на предложената влада која, како што рече, во најголем дел се исти поединци од претходната влада кои неуспешно владееле. Влијаеле да бидат обвинети невини лица, ја игнорирале Венецијанската комисија, зборувале за враќање на младите во државата, а македонските граѓани продолжиле да се исселуваат. Праша како следните четири години ќе бидат поразлични од последните три години и како да и се верува на власта бидејќи се што ветила ништо не исполнила и дека владееле без почитување на општествените вредности.

Муцински вети дека ВМРО ДПМНЕ ќе биде силна политичка партија за која наскоро ќе се осети нејзината моќ и дека ќе остане европски ореиентирана.

Претеникот од СДСМ Дамјан Манчевски на Муцински му порача дека борбата е за сите граѓани, а не за поединци и рече дека македонскиот идентитет денеска е најзагрозен од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ кои не нарекоа севреџани и дека сеуште се користат тие навреди мотивираани од партиските ботови.

-Ние сме Македонци во нашата држава и сме признаени надвор од државата и тоа никој неможе да го победи, единсвено што се докажуваме е со ВМРО-ДПМНЕ, рече Манчевски.

Владата предводена од Заев беше избрана со 62 гласа „за“ и 51 „против“, а по гласањето премиерот и министрите дадоа свечена изјава. Во посебна просторија во Собранието, вечерва за новата влада гласаше пратеник од владејачкото мнозинство. Тој бил изолиран, бидејќи, како што рече претседателот Талат Џафери, е позитивен на корона вирусот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....