13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЏафери до пратениците: ''Aј ако не да станиме и да се испотепаме...

Џафери до пратениците: ”Aј ако не да станиме и да се испотепаме сите”

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, видно нервозен, ги искара пратениците поради речникот употребен на говорницата и навредливите зборови кои пратениците си ги упатија меѓусебно.

Откако не успеа да ги смири, Џафери им свика на пратениците дека нема технички можности да ги прекине, но дека може да ги отстрани ако по трет пат од опомената не се почитуваат правилата.

Завршувајќи го своето обраќање, пратеникот Игор Јанушев удираше врз говорницата во собраниската сала, за што заработи силен аплауз од сопартијците, но и опомена од спикерот Талат Џафери.

Во кој парламент има лупање на маса и викање? Е па ај да се степаме тука сите? Не ме опоменувајте мене. Колегијално, не ми дофрлувај додека зборувам, Игоре, остро му се обрати Џафери на Јанушев. Треба да знаете дека сте во собрание, а не на партиска конференција. Не сте веќе во кампања и таму тоа не се прави, реагираше Џафери.

Реакциите на пратениците следа по говорот на пратеникот Игор Јанушев кој го нарече Заев топ-шоп мандатар зошто тој секогаш велел и ветувал дека може повеќе.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...