6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Гостивар фрлени лимени и дрвени ковчези, дали некој починатите од корона...

Во Гостивар фрлени лимени и дрвени ковчези, дали некој починатите од корона ги погребувал според обичаите?!!!

„Мизерно, па по мизерно не може да биде!“, „ Морбидно и недостоинствено“, „Без почит најпрво кон лугето кои се живи а потоа и кон оние кои починале“, се дел од коментарите на Фејсбук, каде се постирани слики од депонијата Русино, во која се фрлени и мртовечки сандуци. Во групата „Чист Гостивар! Стоп за депонија Русино! Чист воздух за Гостивар“ постојано се споделуваат слики од она што им се случува на гостиварци, каков воздух дишат и за негрижата на институциите. Но,се чини дека денешниот ден го допреа дното.

Во видеото што двајца гостиварци го снимиле се гледа мртовечкиот сандук, кој го отворија а внатре беше сместен уште еден лимен, кој се користи за заразените од Ковид-19, но и за авионски трнаспорт на починат. Сандукот е празен и не се знае дали е заразен или не.

-Институциите спијат, локалните власти спијат, јавниот обвинител спие, вели член на групата.

Засега не се знае дали ковчезите се од починати транспортирани од странство, или пак од Ковид-19.-Не знам зошто се фрлени таму. Морбидно е. И ние се прашуваме? Зошто не се поведе постапка, па да се види зошто е фрлен? Се знае зошто е лимен, најверојатно е ковчег од покоен од Ковид-19. Кој има пари да купи ковчег, па потоа да го фрли за да купи друг? Русино и вака и така е заразна, недостасува уште ковчези да се фрлаат. Откако се појавија фотографиите сите се прашуваме каде се покојните? Каде и како се погребани? Сите ние си ги поставуваме овие прашања цел ден. И сите ние се чудиме зошто не се покрене постапка, вели Анастасија Дуковска членка на групата.

 

Posted by Deso Mateski on Понеделник, 31 август 2020

Gepostet von Deso Mateski am Montag, 31. August 2020

Извор:Канал 77

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...