5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ќе има потрошувачки картички за пензионерите со пензија под 15 илјади...

Заев: Ќе има потрошувачки картички за пензионерите со пензија под 15 илјади денари, невработените кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување, самохраните родители и стечајните работници.

Во првите денови од мандатот на новата Влада ќе се донесе новиот, четврт пакет економски мерки, најави премиерот Зоран заев во првата изјава по изборот во Собрание. Заев најавува потрошувачки картички за пензионерите со пензија под 15 илјади денари, невработените кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување, самохраните родители, стечајните работници.

„Помошта ќе биде преку домашната потрошувачка картичка, а на таков начин ќе ја поттикнеме приватната потрошувачка на најсиромашните граѓани, а преку тоа треба да ја подигнеме и економијата, рече Заев

Тој вели дека Владата има пари односно 200 милиони евра резерва затоа што позајмила со еврообрзницата и не прецизираше дали ќе има ребаланс на буџетот. Додаде дека наплатата на Данокот на додадена вредност во август годинава е поголем од истиот месец лани.

„Персоналниот данок на доход е намален за 3-4 проценти во целиот овој период, поголем е падот на данокот на добивка но ние ги одложивме аконтациите, придонесите во фондовите и во време на корона растат. Ова го кажувам за да бидеме сите оптимисти дека државата е подготвена да им се најде на граѓаните, рече Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...