11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски - Немам намера да давам оставка за да му помогнам на...

Мицкоски – Немам намера да давам оставка за да му помогнам на Заев и на СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека нема да даде оставка бидејќи со тоа би му направил услуга на СДСМ.

„Збор два за оние иницијативи кои одат исклучиво во корист на СДСМ. Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Зоран Заев. Ваквите теми одат само во прилог на оние против кого се бориме“, рече Мицкоски на денешната прес конференција.

Тој рече дека до архивата на партијата нема пристигнато иницијатива за вонреден конгрес.

„Тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и да се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев“, рече Мицкоски.

Тој најави дека нема да им прогледува низ прсти на оние кои правеле грешки и се збогатиле на грбот на народот.

„За сите оние кои прават криминал, кои одработуваат за милост и кои поради тој криминал потклекнале и се во скутот на Зоран Заев, треба да знаат, сега и во иднина, нема да правам компромиси со криминалот“, рече Мицкоски.

Тој оние кои бараат негова оставка ги нарече „појаничарени“ кои поради слабост му станале најдобри другари на Зоран Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки вечерва повторно ќе удри на политичарите ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за Власта, како и за многу функционери...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...