8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДрама во Ранковце: Носел заштитна маска и сепак го казниле

Драма во Ранковце: Носел заштитна маска и сепак го казниле

Утринава осамна Фејсбук статус на револтиран граѓанин на кого полициски службеници му напишале казна.

Имено, настанот се случил околу 10:00 часот во кривопаланечката општина Ранковце кога сторителот излегол од своето возило без да ја стави маската за заштита, а истата ја носел во задниот џеб. Двајца полициски службеници, од кои едниот е командир, му наредиле да стави маска на што тој се сложил и веднаш ја извадил. Во моментот кога ја ставал маската, истата се скинала и пред очите на полициските службеници започнал да ја преврзува за да ја стави, а едниот од полициските службеници му побарал лична карта и му напишал казна, додека сето тоа се случувало пред десеттина сведоци оддалечени од нив на околу 7-8 метри.Нема достапен опис

Како што дознаваме од очевидци, лицето на кое што му напишале казна за неносење на заштитна маска отпосле влегло и во вербална расправија со службениците бидејќи сакале да му напишат и казна за неносење на лична карта, а истиот им го кажал бројот на личната карта и им предложил да ја проверат точноста на податоците. Спорно во вториот наводен прекршок е тоа што според законот е дозволено движење на лица без документ за лична идентификација до 100 метри од својот дом, додека од местото на настанот до домот на лицето во конкретниот случај нема  ниту 100 метри.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...