14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаТопло добредојде на првачињата во Дебрца -Фондацијата Капинков и конзулот на Македонија...

Топло добредојде на првачињата во Дебрца -Фондацијата Капинков и конзулот на Македонија во Австралија Ќосески доделен училишен прибор за првачињата

Први Септември е ден кој е почеток на новата учебна година и секако најрадосниот ден за најмладите ученици, првачињата, кои за првпат седнуваат во училишните клупи

За жал, оваа година поради новонастанатата состојба со светската пандемија предизвикана од Ковид 19 вирусот, наставната година не започнува денес.

И покрај тоа во ОУ “Дебрца” го одбележавме почетокот на новата учебна 2020/2021 година, со свечен прием за првачињата.

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата изразив надеж дека и од ОУ “Дебрца” ќе произлезат успешни и општествено одговорни граѓани, архитекти, доктори, универзитетски професори, спортисти, градоначалници, а зошто не и нобеловци.

Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.

Ние како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално за првачињата од Дебрца го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков,  бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.

Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност.

Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...