9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаФото- Шилегов за прослава од една ноќ потрошил 260.000 евра ???

Фото- Шилегов за прослава од една ноќ потрошил 260.000 евра ???

spot_imgspot_img

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку МКЦ исплатил 160 илјади евра за организација на новогодишната прослава на плоштадот Македониjа објавува НетПрес.

НетПрес дојде до договорот со кој градот Скопје преку МКЦ се обврзале да исплатат 160 илјади евра за организација и сцена за настапот на Дино Мерлин, кој пееше на последната Нова Година. Медиумите тогаш објавија дека ангажманот на Мерлин во Скопје чини дополнителни 100 илјади евра, хонорар од непознати спонзори.

Според ова, минатата новогодишна прослава скопјани ги чинела 260 илјади евра за една вечер. Договорот кој за прв пат се објавува во јавност обзнанува дека МКЦ за организација, сцена и промоција исплаќа 9 милиони и 600 илјади денари.

Наспроти ова на последната седница на советнички прашања градоначалникот Шилегов, во обид да го сокрие договорот од јавноста, изјави дека нема посебен договор за изнајмување на опрема.

Градот Скопје на двете културни институции на градот, и Универзалната сала и МКЦ им обезбедува парични средства за редовните активности кои ги обавуваат. Не постои редовен договор со кој што градот Скопје дал овластување на било која културна институција надвор од тие годишни договори што ги има градот за изнајмување на опрема, а со кој што сме дале некакво си одобрение да биде изнајмена било каква опрема.

Во договорот, пак, стои дека:

…средствата да ги користи согласно однапред определен план, одреден со Анекс на договор број 2 од 17.12.2019 година помеѓУ ЈУ Младински културен центар и Град Скопје, во максимален износ кој нема да го надмине планот и тоа:

 

изнајмување на техничка опрема: 6,500.000,00 денари

други организациски-оперативни трошоци: 3,091.500,00 денари

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...