14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонија21-век а14 училишта во државата не ги исполнуваат санитарно - хигиенските услови...

21-век а14 училишта во државата не ги исполнуваат санитарно – хигиенските услови за одржување настава

14 училишта во државата не ги исполнуваат санитарно – хигиенските услови за одржување настава со физичко присуство. Ова го утврдиле инспекторите од ДСЗИ за време на вонредните инспекциски надзори изминатите 3 недели. Забелешките најчесто се однесувале за тоалетите во овие воспитно образовни установи. Има и во рурални и во градски средини.

-ДСЗИ изврши 254 вонредни инспекциски надзори во исто толку основни и средни училишта ширум државата. Издадени се 14 решенија за недостатоци од областа на санитарно – технички услови. Најчесто станува збор за корекции кои треба да се извршат во тоалетните чворови, изјави за Сител д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

До крајот на месецот ДСЗИ повторно ќе изврши контрола дали училиштата кои добиле решенија ги поправиле недостатоците. Во меѓувреме надзори ќе бидат направени и во останатите околу 300 училишта, а со почетокот на школската година инспекорите ќе контролираат и дали се почитуваат здравствените протоколи каде ќе има настава со физичко присуство.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...