4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: Наскоро започнуваме со изградба на новиот Клинички вреден 450.000 милиони...

Венко Филипче: Наскоро започнуваме со изградба на новиот Клинички вреден 450.000 милиони евра

Новиот Клинички центар дефинитивно ќе почне да се гради во овој четиригодишен мандат на Владата. Тоа е нешто што нашите пациенти го заслужуваат, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој посочи дека ги воочиле недостатоците на една ваква поставеност на клиниките, болниците, посебно на Клиничкиот центар. Потенцира дека сите клиники физички не се на едно место за да може да се даде интегриран тип здравствена услуга.

– Ние брзо се реорганизиравме и во рамки на тоа дури и сообраќајните проблеми се решија во кругот на Клиничкиот центар, за да се олесни комуникацијата меѓу клиниките, но тоа не е трајно решение, заради тоа што нас ни треба модерна болница, Клинички центар што ќе им служи на граѓаните и во следните 60 до 70 години, рече Филипче.

Нагласи дека презеле други активности, реновирале голем број одделенија и клиники за да ги подобрат условите.

– Некаде не беше реновирано ни повеќе од 50 до 60 години, но дефинитивно иднината е во нов Клинички центар. Постапката практично започна. Ние прекинавме заради изборниот процес, корона кризата итн. и сега треба да продолжи. Предлогот и концептот е тој Клинички центар да биде во четири блока и јас верувам дека првиот блок дефинитивно ќе биде завршен во следните четири години. Тоа ќе овозможи дел од сегашните клиники да се преселат и започнат со работа. Има посебен план согласно компатибилноста на клиниките кои треба да се префрлаат и за тоа разговаравме да видиме како тоа би можело да се изведе, а да не се губи време, како ќе бидат следните блокови ќе се празнат и клиниките според таа стратегија, истакна Филипче.

На прашање кои клиники први би се преселиле, рече дека едни од најкритичните и на кои им треба навистина многу внимание се тие каде има операциони сали и интензивна нега. Значи, појасни, први се хируршките клиники и операционите сали и се што е поврзано со хируршка интервенција.

Во врска со тоа колку ќе чини изградбата на новиот Клинички центар и како ќе се финансира, министерот посочи дека сè уште се работи на моделот на финансирање.

– Проценката е дека ќе чини околу 450 милиони евра, нешто што сметам дека ќе биде одлична инвестиција и одлична финансиска инјекција и за целокупната економија. Веќе се започнати проектите, дел се и завршени на општината Ѓорче Петров за локалната инфраструктура, локален пат, струја, водовод итн. Така што, тоа сметам дека ќе биде навистина значајна инвестиција генерално за нашата економија, додаде Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...