5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВласта се луксузира, а болните ќе се лечат со СМС пораки: За...

Власта се луксузира, а болните ќе се лечат со СМС пораки: За само две ипол години државата потрошила 8 милиони евра.

За нови возила за само две и пол години, државата потрошила 8 милиони евра. Купени се 392 возила по средна цена од 17.000 евра за возило. Омилени брендови се „Шкода“ и „Фолксваген“, а дури 71% од тендерите имало само една понуда.

„Сите знаеме во земјава колку има дилери на возила сите знаеме дека тоа е развиен бизнис и од тука чуди што има само една понуда на овие тендери. Една или две понуди има на 90% од тендерите. Што значи вистисна конкурецнија имало на само 10% од тендерите.“, вели Филков за ТВ:21

СОЗР или службата која купува возила за министри и други функционери за две и пол години купила најмногу, односно 46, сите од марка „Пасат“. Потоа следува Пазарниот инспекторат, инспекторатот за земјоделство 22 возила, Царинската управа со 13, па следуваат институциите со или под 11 возила.

„Интересно е околу опремата како ние сфаќаме дека има различна опрема. Имате ист модел кој некаде чини 39.000, а некој го платил 46 илјади евра. Што значи станува збор за разлика во опрема. Никаде не видовме образложение за причините, зошто им е потребно возило со таква опрема. Зошто им е потребно возило од 46.000 евра и зошто возило од 20.000 не може да ја заврши истата работа.“, вели Филков.

– Реклама –

Правилник за тоа кој каков и колку скап автомобил може да купи не постои, па одлучуваат за истото поединци.

Во периодот на истражувањето направено од Центарот за граѓански комуникации се наведува дека и натаму најскапо купено возило е тоа на градоначалникот на Општина Струга, Ауди А6 кое чини 66.695 евра.

„Сите 10 се со цена над 10.000 евра, а ¼ од сите возила се цена над 30.000 евра. Ова е познато Ауди А6, доста коментирано, но се најде и во овој опфат од 2018 до денеска, потоа имаме Comfort line, „Пасат“ на Државната видео лотарија, па Општина Дебар има „Тигуан“ од 49.000 евра.“, вели Филков.

Најдоминантни компании од кои се купувале автомобили се Порше Лизинг, Делукс ауто, Еуроимпекс и Јодифов од Битола.

Според исто истражување направено во период 2013-2015, може да се заклучи дека за 21% е зголемено купувањето на службени автомобили. Во истражувањето не се вклучени половните возила.
ТВ-21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...