5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаДенес се случила вистинска драма во с.Требеништа- Охридско при што настанот бил...

Денес се случила вистинска драма во с.Требеништа- Охридско при што настанот бил пријавен во Полиција.

Во раните утрински часови во селото Требеништа се случила вистинска драма, која за среќа завршила без тепачка. Компанијата Викторија Инвест која е задолжена за изградба на автопатот Кичево-Охрид без никакво право од општината и од месната заедница на село Требеништа разнесувала земја за приватни потреби на барање од еден од мештаните на истото село. Неколку денови мештаните на село Требеништа се жалеле во општина Дебрца дека низ нивното село поминуваат тешки товарни возила- камиони кои имаат носивост над 50 тона, при што предизвикале голема штета во истото село, оштетување на асфалтот од самата тежина.

Откако мештаните го пријавиле настанот инспекторатот за Урбанизам на општина Дебрца излегол на терен при што ја предупредил компанијата Викторија Инвест за нанесената штета, а од компанијата се согласиле дека нема да се повтори тоа и нема повеќе да врши насипи за приватни потреби. Но зборот траел само два дена…. кога истите тешки товарни возила биле повторно пратени во истата приватната парцела на барање од истиот жител на селото. Кога мештаните повторно ги забележале камионите решиле работите да ги земат во свои раце бидеќи компанијата не се плаши од инспекторатот. Тие направиле блокада со трактори и земјоделска механизација па не ги пропуштале камионите самоволно да вршат насипи со земја на приватни парцели. Сопственикот на парцелата се обидел да се спротистави при што побарал да се одблокира патот за да продолжи со својата работа но жителите на село Требеништа не сакале да подлегнат на сето тоа при што настанала вербална расправија која завршила без тепачка, од неофицијални извори дознаваме дека настанот е пријавен во полиција.

По овој скандал бараме институците да постапат согласно законот и компанијата Викторија Инвест да биде казнета за нанесената штета во истото село.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...