13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонија„Трајче Мукаетов“ со донација од 170.000 евра за болницата во Кавадарци

„Трајче Мукаетов“ со донација од 170.000 евра за болницата во Кавадарци

Во текот на 2019 и 2020 година „Алкалоид АД Скопје“ реализираше донација во Општата болница во Кавадарци во вкупен износ околу 10.500.000 денари (170.000 евра), комплетно опремувајќи го Интерниот оддел за женски болести во оваа јавна здравствена установа, соопштија од компанијата.
Просторот од над 350м2, кој речиси три децении стоел незавршен, како што се посочува, денеска официјално беше предаден во употреба со строго почитување на сите здравствени протоколи и заштини мерки од страна на министерот за здравство Венко Филипче, генералниот директор и претседател на Управен одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов и директорот на болницата, д-р Диме Коцев.
Новото одделение е конципирано и изведено во согласност со сите современи стандарди и прописи за здравствени објекти и се состои од дел за престој на пациентите (болнички соби со тоалети), дел за интензивна нега и дел за медицински персонал, а сиот простор, освен нови инсталации, доби и соодветна болничка опрема (најсовремени болнички кревети, болничка мебел опрема, телевизори во сите болнички соби и инсталација за интернет конекција на целото одделение).
– Во Одделот, кој е изграден од најсовремени градежни материјали и опремен со модерен медицински и технички ентериер ќе овозможиме прекрасен амбиент за сместување на нашите пациенти и нивно поквалитетно болничко лекување, истакна директорот Коцев и изрази благодарност за донацијата.

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов изјави дека оваа донација компанијата ја спровела под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, формирана во чест на основоположникот на модерниот „Алкалоид“, кој својот животен пат го започна токму од Кавадарци.

– Иако денешниот повод за посета е пуштање во работа на само еден оддел од оваа болница, која претставува исклучителен пример за функционирање на јавното здравство, ние како компанија ќе ја продолжиме нашата поддршка тукаво Кавадарци, рече Мукаетов.
Телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...