8.8 C
Ohrid
среда, април 17, 2024
ПочетнаСветД-р Тереза ​​Там oд Кнада: Кога водите љубов мора да ставите маска...

Д-р Тереза ​​Там oд Кнада: Кога водите љубов мора да ставите маска за да се заштитите од корона.

Прескокнете го бакнувањето и размислете за опцијата носење маска за време на секс за да се заштитите од зараза со корона вирус, изјави во средата главниот медицински офицер на Канада, д-р Тереза ​​Там, додавајќи дека да се биде „сингл“ останува сексуална опција со најмал ризик од пандемијата, пренесува Ројтерс.

Д-р ​​Там рече дека има малку шанси да се заразите со КОВИД-19 од сперма или вагинална течност, но сексуалната активност со нови партнери го зголемува ризикот од заразување со вирусот, особено ако имате близок контакт, како бакнување.

„Како и во другите активности за време на КОВИД-19 кои вклучуваат физичка близина, каде постојат работи што можете да ги направите за да го минимизирате ризикот од заразување и ширење на вирусот“, вели таа.

Прескокнете го бакнувањето, избегнувајте блискост лице во лице, носете маска што ги покрива устата и носот и проверувајте се себе си и вашиот партнер за симптоми пред каква било сексуална активност, рече д-р Там.

„Сексуалната активност со најмал ризик за време на КОВИД-19 не вклучува партнер“, додаде таа мислејќи на самозадоволување.

Сексуалното здравје е важен дел од целокупното здравје, рече д-р Тереза Там, па „Канаѓаните можат да најдат начини да уживаат во физичката интимност додека се грижат да не го нарушат напредокот што го направивме во борбата со КОВИД-19“.

вечер

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...