9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЕден родител на деца кои биле згрижени во градинка и натаму може...

Еден родител на деца кои биле згрижени во градинка и натаму може да биде ослободен од работа

spot_imgspot_img

Mинистерството за труд и социјална политика вечерва соопшти дека и натаму важи мерката за ослободување на еден родител на дете до 10 години за кого е неопходна домашна грижа, од работа и работни обрски при што тоа отсуство ќе се смета за оправдано.

Од Министерството потсетуваат дека, Владата на 10 март, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе одлука вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение, за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа, а на 8 јули, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерките за спречување на ширење на ковид -19, односно родителите на деца до 10 години возраст, вклучени во воспитнообразовниот процес, кои беа ослободени од работа, да се вратат на работните места со оглед дека учебната година е веќе завршена.

„Што значи дека мерката за ослободување на родители од работа се уште важи за еден од родителите на деца кои биле згрижени во градинка“,

се вели во појаснувањето од Министерството.
Мерката е во важност до донесувањето на следната владина одлука по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

360 stepeni

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...