8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаСветИ Словенија беше во Југославија ама денес ги лансира првите сателите во...

И Словенија беше во Југославија ама денес ги лансира првите сателите во вселената, но каде сме ние?!

spot_imgspot_img

И Словенија беше во Југославија ама денес ги лансира првите сателите во вселената, но каде сме ние?!

Словенија конечно има сателити во Земјината орбита. Откако поради пандемијата на корона вирусот и лошите временски услови лансирањето на сателитите беше одложено неколку пати, од Француска Гвајана се лансирани првите два словенечки сателити – Nemo HD и Trisat.

Ова е историски ден за Словенија, но и за целокупната словенечка наука затоа што по прв пат од европскиот лансирен центар е лансирана европска ракета со најмногу сателити досега – вкупно 53 сателити.

Словенечкиот сателит Nemo HD треба да се смести на висина од околу 515 км од Земјата, а главната задача ќе му биде интерактивно набљудување на нашата планета благодарение на мултиспектрална камера и видеокамера со голема резолуција. Ако се помине добро, околу Земјата би требало да кружат во наредните пет години.

Наносателитот Trisat со своите пет килограми треба да кружи на висина од околу 530 км и првенствено е наменет за тестирање на издржливоста на новата вселенска електроника, а воедно ќе се надгледува загаденоста на површината на морињата, ќе се детектираат жаришта на пожари и ќе го бележи нивото на вулканска прашина во атмосферата.

Директорот на компанијата Arianespace, која го изврши лансирањето, Стефан Израел, потврди дека лансирањето на ракетата е успешно и додаде дека програмата Small Spacecraft Mission Service (SSMS) е прв чекор на растечкиот пазар за мали сателити.

(Dnevnik.hr)

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...