9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГолема трагедија во Македонија: Се удави две годишно детенце додека неговите родители...

Голема трагедија во Македонија: Се удави две годишно детенце додека неговите родители работеле како аргати за берење грозје.

spot_imgspot_img

Дете на две годишна возраст, синоќа, било пронајдено удавено отворен канал за наводнување на место викано „Рамниште“ во атарот на с ело Долно Чичево во општина Градско.

Детето било од скопската населба Шуто Оризари.Тоа со своите родители живеело на нива покрај лозовите насади на кои работеле мајката и таткото поточно биле ангажирани во берба на грозје.

Несреќата се случила во момент кога родителите заминале до Градско за да испазарат храна. Тогаш најверојатно детето, без да биде забележано од останатите грозје берачи, се упатило кон каналот со вода.

Бил повикан лекар од населба Градско кој ја констатирал смртта на детето. На неговото тело немало траги од насилство. Настанот бил пријавен во полициската станица. Екипа на СВР Велес извршила увид на лице место. По наредба на јавен обвинител телото на детето е предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје.

Пишува: Канал77

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...