10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаБитолчанка е единствената жена на листата млади милионери во Македонија

Битолчанка е единствената жена на листата млади милионери во Македонија

Единствената жена на листата на млади милионери е од Битола. Таа од пред неколку недели станува сопственик на компанија во која има само двајца вработени. Станува збор за фирма за трговија на големо, која се занимава со градежништво, а претходно имала само еден вработен.

Во оваа компанија лани приходите изнесуваат 4,6 милиони евра, кои во однос на претходната година се зголемени за 105,8 %. Но, освен приходите, минатата година растела и добивката, која во однос на претходната година е зголемена за 57,5 отсто. Односно, лани добивката изнесува 2,1 милиони евра.

Најмладиот милионер е од Скопје. Овој млад бизнисмен, од позната фамилија во бизнисот и политиката, минатата година ја има и најголемата добивка меѓу останатите компании кои се најдоа на оваа листа. Но, компанијата на тетовски бизнисмен, кој исто така има помалку од 35 години, е најголема, односно во неа лани се свртела сума од речиси 60 милиони евра, со што оваа домашна компанија има приходи далеку поголеми од приходите на останатите компании на најмладите милионери во земјава. Единствената жена, која од пред неколку недели станува сопственик на градежна компанија каде се вртат милиони, доаѓа од Битола, а во фирмата има само двајца вработени.

За повеќе и кои се другите македонски милионери под 35 години на линкот

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...