8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВанчо признал вина а судијката му досуди само условна казна- Има ли...

Ванчо признал вина а судијката му досуди само условна казна- Има ли скриена игра?

Претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев најавува дека ќе собере информации за случајот со условната казна за сообраќајката со смртни последици во 2018 кај Млечниот ресторан во Скопје, па ќе излезе со коментар.

-Во моментов немам повеќе информации за пресудата. Таа беше донесена вчера (петок), јас за неа дознав на крајот од работното време. Ќе се интересирам за случајот, од понеделник ќе добијам повеќе информации од судот, по што ќе можам да дадам коментар и став“, изјави Џолев за „360 степени“.

Бремена сопруга и сопатничката се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот. Жртвите беа патници на мотор чиј пат го пресекол возач на џип кој недозволено преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов. Со џипот управувал Васил Ч., кој тогаш имал 62 години.

Тој признал вина, а судијката Елена Јосифовиќ му досуди само условна казна. Станува збор за судијка, која според податоците на официјалната веб-страница на судот, е избрана во декември 2011 година, а областа на која работи е „кривична материја“.

Засега, без коментар за пресудата се и од Основното јавно обвинителство – Скопје. Исто како и Џолев, и оттаму најавија дека прво сакаат да направат увид во предметот, па да речат како ќе постапат понатаму – дали ќе поднесат жалба.

-По примањето на писмено изработената пресуда Обвинителството ќе ги разгледа аргументите во неа и ќе донесе одлука за понатамошното постапување по предметот, рекоа вчера од ОЈО Скопје за „360 степени“.

На одлуката на судот, на социјалните мрежи, пак, вечра прво реагираше сопругата на починатиот, Наташа Апостолоска, која и самата има тешки последици од несреќата нарекувајќи ја одлуката „дно дна“.

Со слична реакција се јави и таткото на починатиот велејќи дека уште пред изрекувањето на пресудата биле предупредени да останат смирени.

 

 

 

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...