5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаКоја е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која донесе условна казна за обвинетиот за...

Која е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која донесе условна казна за обвинетиот за сообраќајката пред „Млечен“

Судијката Елена Илиевска Јосифовиќ – која досуди условна казна за возач кој пред две години пред Млечен ресоран во Скопје и тешко ја повреди неговата сопруга која го изгуби бебето – својата популарност ја стекна кога го одбила барањето на тогашното СЈО да му се одземе пасошот на Сашо Мијалков, пишува А1.ОН.
Во март, 2017 година, Специјалното јавно обвинителство достави до Советот за
утврдување на факти претставки за утврдување на одговорност на судиите на Основниот суд Скоје 1, меѓу кои беше и Елена Илиевска-Јосифовиќ. Со претставките е побарано да се испита работатата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, соопшти тогаш СЈО.
Во објавените претставки наведено е дека причина за таквото барање за Елена Илиевска Јосифовиќ е дека таа постапува пристрасно кон предметите кои доаѓаат од нивното обвинителство. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ како судија на претходна постапка одлучуваше по барања на СЈО, меѓу кои и тоа за одземање на пасошот на поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, за случајот „Трезор“. Таа го одби барање на СЈО за одземање на пасошот како неосновано. СЈО претходно бараше изземање на Илиевска-Јосифовиќ од случајот „Трезор“, но судот ги отфрли наводите на Специјалното јавно обвинителство како неосновани.  Пишува Фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...