11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО БРОДСКАТА НЕСРЕЌА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО БРОДСКАТА НЕСРЕЌА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Со откривање на новиот споменик и положување цвеќе пред спомен-плочата до самиот паметник денеска беше одбележана 11-годишнината од трагичниот настан што се случи на Охридското Езеро, кога при потонување на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи – државјани на Република Бугарија.

– На секој 5 септември се собираме да оддадеме почит на 15-те бугарски граѓани кои пред 11 години загинаа на Охридското Езеро. На десетгодишнината од несреќата пред мене беше моделот на овој споменик. Денеска тој е реалност. Од една страна тој е уметничко дело достојно за уважување, а од друга тој е симболот што ќе може да го види секој бугарски граѓанин што ќе дојде во Охрид, на ова прекрасно место и да си спомнат на таа несреќа, дел од нашата заедничка историја, рече амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов.

Заменик-градоначалникот на Охрид Ристе Николески во оваа прилика истакна дека срцата на охриѓани се исполнети со тага, а мнислите се со најблиските на жртвите во несреќата.

– Тој ден и датумот 5 септември засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Охрид и како поука дека треба постојано да се надградуваме за да не се случуваат такви немили анстани. Сите години правиме се за да ја подигнеме безбедноста во водите на Охридското Езеро и тоа ќе продолжиме да го правиме и понатака. Денеска сме тука за да им оддадеме почит на загинатите пред новиот паметник. Овој чин е само показател на зацврстување на веќе добрите пријателски односи меѓу Македонија и Бугарија, рече Николески.

Ангелов и Николески го открија новопоставениот споменик „Солзата на роза“, дело на архитектот Никола Сметеноски за кој беше истакнато дека ја претставува симбиозата и силната врска меѓу физичкото и духовното минато, иднината, тагата и радоста, стариот и новиот живот. Паметникот има изглед на капка што се дели на два дела, од кои едната оди надолу и симболизира солза, а дтругата нагоре и претставува нов почеток преку симболично испарување на водата. Во капката се испреплетени 15 рози, симболика на 15-те животи згаснати тоа утро. Споменикот е изработен од оксидирано ковано железо, со боја на метал што изгледа како да е извлечен од вода.

Цвеќе пред споменикот поставија бројни делегации од Бугарија и од Охрид, на Амбасадата на Република Бугарија, на Генералниот конзулат и Државниот културен институт на Бугарија, делегација на Армијата на Република Бугарија, претставници на бугарските општини од каде потекнуваа загинатите, делегација на Општина Охрид, на Капетанијата на пристаништа во Охрид, Здружението на граѓани „5 септември“ од Охрид, бројни граѓани.

Несреќата се случи на денешен ден во 2009 година, во 10:30 часот бродот „Илинден“ што со 57 патници пловеше од Охрид за Свети Наум се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“. Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица. Бродот „Илинден“ беше изваден од дното на езерото и повеќе никогаш не заплови.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...