7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа Карлеуша нема Ковид-19 а за македонските пејачи има??!!!

За Карлеуша нема Ковид-19 а за македонските пејачи има??!!!

Вчера пристигна ново разочарување за македонските пејачи. Додека тие седат дома, ги почитуваат протоколите и не настапуваат, со приватен авион од Белград стаса Јелена Карлеуша за да вечерта настапи во Охрид. Откако почна пандемијата ова е уште една од низата разочарувања на нашите пејачи. На социјалните мрежи повторно се разви дебата, како и во изминатиот период за останатите гостувања од Србија и Хрватска, чии концерти ги нарекуваа нови кластери, бидејки не се почитуваше социјалната дистанца и носењето маска.Нема достапен опис

Фолк пејачката Сузана Гавазова не издржа, па на својот Фејсбук профил напиша:

-Браво за Охрид и браво за Македонија за поддршката на српските пејачи !! Срамота бе луѓе!!! Абе нели сваќате дека сте во војна? Кој ви го прави ова не знам! Сега, во ова тешко време треба поддршка за нашите македонски изведувачи. Јас не сум против ниедна музика, напротив, секогаш велам дека музиката нема граници … Пеам се што сака публиката. Не ми пречи ниту ѕвездите да доаѓаат од страна, но зошто не можеме да работиме, не трошиме во Македонија.? Не го разбирам тоа, напиша Сузе.

Над 100 коментари имаше постот на Сузе во кој повеќето ја изразуваа својата поддршка со вообичаената реченица „македонче, бе“.

„ Што очекуваш од народ кој се стреми кон самоуништување“, „како може кафулиња и дискотеки со толку народ да работат а свадби не може да се прават“, „продадени души, не знаеме нашето да си го цениме“, „зошто ја викаат карлеуша, како да нема наши пејачи“, „за српските пејачи нема ковид а за македонските има тешка заразна болест“..

Македонските естрадни уметници исто така се прашуваат и кој издава дозвола за гостување и правење концерти на странски пејали, додека на нашите не им е дозволено?!

Извор: MMS

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...