10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаПод мототото „Ние сме НАТО“ Шекеринска го искачи врвот на Бистра.

Под мототото „Ние сме НАТО“ Шекеринска го искачи врвот на Бистра.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска при искачување на еден од врвовите на Бистра денеска нагласи дека мотото на планинарската тура „Ние сме НАТО“ е доказ дека ништо не е неосвоиво, ништо не е толку високо, ако тргнеш подготвен и решителен да стигнеш на целта.

Министерството за одбрана, по повод Денот на независноста на Репубика Северна Македонија 8 септември, организираше планинарска тура во која беа министерката за одбрана Радмила Шекеринска со претставници на дипломатскиот кор во земјава, Командата на SEEBRIG и одбранбените аташеа акредитирани во Република Северна Македонија. Оваа година цел беше врвот Чафкарник на планината Бистра.

Шекеринска напомена дека оваа година првпат Денот на независноста го прославуваме како земја членка на НАТО.

– Секоја година МО организира освојување на некои од нашите врвови. Минатата година на Галичица, пред минатата на Крушево. Оваа година сме во Маврово. Нашите стратешки цели се секако искачување на еден од планинските врвови. Ни треба план, ни треба организација ни треба сила, ни треба издржливост. Минатата година го правевме тоа во очи на нашата амбиција да станеме членка на НАТО и мислевме качувањето на Галичица е тешко, но сите успеавме да го искачиме. Оваа година го правиме за првпат како членка на НАТО, не беше лесно и беше уште потешко затоа што амбициите ни станаа уште поголеми. Така и со нашето членство во НАТО. Успеавме да ја реализираме ова 30 годишна цел, но меѓутоа тука не запираме – рече Шекеринска по завршената тура.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...