7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВласта го исполнува ветувањето: Денес е срушен и последниот силос од бетонската...

Власта го исполнува ветувањето: Денес е срушен и последниот силос од бетонската база на Нефи Усеини.

Полека но сигурно власта става ред со дивоградбите

Го снема и последниот силос од добро познатата бетонската база на советникот од ДУИ Нефи Усеини.

Полека но сигурно, со многу тешкотии , пречки и опструкции државата почна да става ред во хаосот со дивоградбите и денес ја гледаме сликата која до пред некој месец беше незамислива, посебно ако се има предвид дека политичарите со децении во Македонија важеа ( и повеќето сеуште важат ) за недопирлива категорија на граѓани кога е во прашање спроведувањето на законите.

Клучна улога во борбата за справување со дивоградбите и спас на Охрид и езерото имаа дел од медиумите од Скопје и Охрид кои скоро две години непрекинато алармираат и укажуваат дека состојбата со дивоградбите во Охрид е алармантна и неодржлива и едноставно мора да биде променета. ЕКОЛОГИСТИТЕ СТАНАА ПРОДУКЦИЈА ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ

Секако дека не треба да се занемари и придонесот на еколошките организации, пред се на оние кои официјално постојат и се регистрирани како субјекти, но неодминливо останува горкиот впечаток дека поедини организации преминаа во пропагандни Фејсбук гласила кои почнаа дури и да шират лажни вести.

Таков е случајот со Охрид СОС кои објавија лажна вест за советникот Нефи Усеини, постирајќи на Фејсбук булдожер и тврдејќи дека тоа е механизацијата на Нефи која вадела песок од езерото за потребите на бетонската база, што се покажа како неточно, беше демантирано од семејството Усеини , а Охрид СОС не се извини за ова ширење лажни вести.

Со ова не само што го поткопаа процесот на обелоденување на вистината за проблемите со екологијата и дивоградбите туку ја доведоа во прашање и досегашната релевантност на тоа што го објавувала оваа непостоечка организација која дејствува на Фејсбук, а не се знае кој се лицата кои во име на Охрид СОС постираат, напаѓаат и обвинуваат во јавноста.

Акција за отстранување на бесправно поставена урбана опрема, шанкови и објекти од плажите, хотели и објекти на самото крајбрежје, започна во месец јуни. Акцијата ја спроведува Општина Охрид со полициска асистенција. Акцијата продолжува есенва, а Општина Охрид е категорична дека во спроведување на истата нема селективност.

Извор: News1.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...