9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаОливер Спасовски: На полицајците ќе им инсталираме камери, да видиме каков е...

Оливер Спасовски: На полицајците ќе им инсталираме камери, да видиме каков е нивниот однос и оносот на шоферите !!!

spot_imgspot_img

Преку инсталирање камери на опремата на самите полициски службеници, Министерството за внатрешни работи ќе ги следи евентуалните неправилности во сообраќајот и истовремено ќе го минимизира влијанито на човечкиот фактор.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакнува дека само тогаш кога нема да има влијание на човечкиот фактор, ќе има најдобри резултати во работата на полицијата, ќе нема селективност и ќе има добра транспарентност.

Јавноста веќе е информирана дека собраќајната полиција во Скопје и во Тетово веќе ќе почне со користење на боди камери (камери на тело) на секој еден полицаец и на тој начин да имаме еден поинаков пристап и на граѓаните и на полицајците. Ваков пилот проект имавме во автопатската полиција. Таму веќе немаме ниту една поплака од кој било граѓанин, ниту пак од полицаец заради тоа што преку камерите, преку снимањето на сето тоа што се случува за време на контролата имаме целосен увид во состојбите и тоа е добро и за полициските службеници и е добро за граѓаните – изјави Спасовски, нагласувајќи дека овој проект се очекува да се интезивира во наредниот период.

Спасовски најави дека измените за Законот за безбедност на собраќајот моментно се во собраниска процедура.

Сите законски промените што ќе треба да се направат ќе се направат се со цел да се овозможи да имаме функционална употреба на камерите и тој систем даде резултати во пракса. Секое законско решение што пред се значи заштита на личните податоци ќе биде испочитувано до максимум. Тоа ќе биде вклопено во целиот тој систем. На основа на тоа ќе биде и инсталирањето – изјави Спасовски.

Тој додаде и дека крајна цел на МВР е да имаме функционален систем и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...