9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПетмина осомничени за грабнување лице кај наплатната рампа Глумово !!!!

Петмина осомничени за грабнување лице кај наплатната рампа Глумово !!!!

Против пет лица од Скопје јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „грабнување“ од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, осомничените на возраст од 32, 36, 27, 34 и 30 години, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на едно лице со намера да го присилат сопствениот автомобил „Масерати“ да го префрли на име на еден од осомничените.

– На 8 септември околу 22 часот, на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај село Глумово, по насоки на првоосомничениот и петтоосомничената, останатите тројца осомничени лица му го пресекле патот на оштетениот со возило „Ауди А3“ и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци по целото тело. Насилно го внеле оштетениот во неговиот автомобил и го однеле на автоплац во селото Кондово во сопственост на првоосомничениот. Кога стигнале на плацот четворицата, во присуство на петтата осомничена, продолжиле физички да го малтретираат оштетениот, удирајќи го со тупаници, клоци и со каиш. Поради наводен долг од 20.000 евра тие го натерале оштетениот да влезе на совозачко седиште во автомобил „БМВ Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово каде го присилиле да направи договор со кој неговиот автомобил „Масерати“ го префрлил на име на првоосомничениот, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Двајца од осомничените се лишени од слобода и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор поради постоење на законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, како и можност да го повторат делото. По останатите тројца осомничени се уште се трага и по нивното лишување од слобода надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави соодветни предлози за мерки со кои ќе се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка.​

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...