5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСо гаранција во недвижен имот од 850 илјади евра, браќата Усеини излегоа...

Со гаранција во недвижен имот од 850 илјади евра, браќата Усеини излегоа од притвор !!

Укинат е притворот за браќата Нефи и Ибро Усеини, кои се осомничени за физички напад на свој сограѓанин. Браќата Усеини понудиле гаранција во недвижен имот во вредност од 850 илјади евра, односно по 425 илјади евра за секој, потврдија за „360 степени“ од судот во Охрид.

Поради високата гаранција што браќата Усеини ја понудиле, кривичниот совет на охридскиот суд ја прифатил и од вчера за нив е укината мерката притвор.

Од судот во Охрид велат дека нема други дополнителни мерки бидејќи гаранцијата во недвижности е висока и доколку не се појавата на закажаното рочиште ќе се активира хипотека.

Претходно, браќата понудија гаранција од по 15 илјади евра во готово за да им биде заменет притворот со друга поблага мерка, но иако судот прифати, битолската Апелација го укина решението.

Првото рочиште е закажано за 22 септември.

Усеини беа осомничени и за недозволено држење оружје, но сега обвинението се однесува само за насилство. Ова следува откако во меѓувреме случајот доби поинаков тек, односно охриѓанецот кој беше нападнат од браќата подоцна го смени исказот и тврдеше дека написите во јавноста се извадени од контекст. Во својата изјава вели дека во расправијата не видел оружје и дека се работи за недоразбирање кое е надминато и дека Усеини бил и ќе биде негов пријател.

СПОДЕЛИ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...