9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Ја преминавте црвената линија по секоја цена ќе го одбранам името...

Мицкоски: Ја преминавте црвената линија по секоја цена ќе го одбранам името и делото на Гоце Делчев.

ВМРО-ДПМНЕ најави протест во вторник за поддршка на македонските историчари во „одбраната“ на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

– Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Европската Унија, од која секој ден сме сè подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови. Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно. Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ е закажан за вторник во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот „Гоце Делчев“ до МНР.

– Ова е протест на народот, целта е ЗА ЕУ, ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА ДЕЛЧЕВ. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Се гледаме! – се вели во објавата на Христијан Мицкоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...