6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЉубчо Георгиевски: Јас најмногу му имам помогнато на Жан Митрев, бидеќи таков...

Љубчо Георгиевски: Јас најмногу му имам помогнато на Жан Митрев, бидеќи таков стручен човек како него ретко се наоѓа..

Му отстапивме цел кат во Воена болница, каде државата вложи 15 милиони евра, потоа сета странска помош што доаѓаше во опрема му ја дававме на кардиохирургот Жан Митрев.

Држеше монопол долго време и не е во ред да плука по Македонија, земјата која му даде многу, вели во интервју за Поглед, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Самиот беше претседател на Владата пред 20 години, токму тогаш кога се отвори кардиохируршкиот оддел на Жан Митрев. Георгиевски во детали објаснува како почнувале.

Кога дојдовме во 98 година Македонија воопшто немаше кардиохирургија и сите пациенти се испраќаа во странство, тие со политички врски во Германија и Америка, а обичниот народ најмногу во соседна Србија. Така што сакавме да го исполниме сонот да имаме кардиохирургија за да можат и македонските доктори да се специјализираат, но и да не се даваат пари кон странство. За таа цел ние како Влада си поставивме задача дека тој сон треба да го реализираме и добро се сеќавам дека тогаш таа задача ја дадовме на господинот Никола Кљусев кој и покрај тоа што беше министер за одбрана кажа дека добро се знае со Жан Митрев кој тогаш беше кардиохирург во некоја болница во Германија, вели Георгиевски.

Тврди дека ако илјадници граѓани на Македонија можат да се пожалат дека не добиле ништо од државата Македонија, тоа сигурно не е Жан Митрев за кого вели дека е еден од Макеоднците кои добиле најмногу.

Имено сакам да ја потсетам јавноста дека Жан Митрев отстапи цел спрат во воената болница, му го реновираше и му го опреми и не ме држете за збор, но мислам дека вложи во медицинска техника и апарати над 15 милиони марки што значи дека денешни 15 милиони евра. Дополнително на тоа и странска помош што доаѓаше, ја отстапувавме во неговата болница, добро се сеќавам на многу скапи апарати кои грчката влада ни ги поклони во тоа време, а ние му ги преотстапивме на Жан Митрев. И да не зборувам конечно за монополот од чисто бизнис аспект кој државата од тогаш па до отварањето на кардиохирургијата во Систина, му беше забетониран не само од нашата влада, туку и од сите влади кои доаѓаа после нас, вели Георгиевски.

Вели и дека Владата трпела огромни критики зошто вакво јавно партнерство се воспоставува само со Жан Митрев кога истото тоа може да го добие секој добар хирург независно дали е за бубрези, абдомен или за некоја друга специјалност.

Исто така се сеќавам кога една година од отварањето на првата кардиохирургија Жан Митрев, директорот на македонската кардиологија господинот Кедев направи обид да го донесе професорот Кирков и да се направи чисто државна кардиохирургија, какво беше плачењето и лобирањето на господинот Жан Митрев никако да не се дозволи отварањето на нова кардиохирургија. Без сомнение улогата на Жан Митрев во отварањето на македонската кардиохирургија е неспорна меѓутоа не е убаво да се плука дека Македонија ништо не му дала и не му помогнала, вели Георгиевски.

извор: Pogled.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...