8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев пријавил стан на кредит, Муцунски -Ауди, Силјановска банкарски сметки - Колкав...

Апасиев пријавил стан на кредит, Муцунски -Ауди, Силјановска банкарски сметки – Колкав е имотот на плитичарите

Државната контрола за спречување на корупција (ДКСК) објави имотен лист на некои од новите пратеници во Собранието.

Димитар Апасиев, лидерот на партијата Левица, на свое име пријавил стан од 60 метри квадратни во Скопје, кој е проценет на 3,9 милиони денари.

На името на својата сопруга лидерот на Левица пријавил возило “Алфа Ромео” од 2007-ма година во вредност од 155.000 денари.

Апасиев пријавил и дека има кредит од 3,4 милиони денари, кој треба да го исплаќа до 2046-та година.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, и секретар за надворешна политика на оваа партија, Тимчо Муцунски, во 2018-та година купил возило марка “Ауди”, кое чини 1,75 милиони денари. На свое име Муцунски не пријавил недвижен имот.

Кандидатката за претседател на последните претседателски избори од таборот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, пријавила дека има депозити во банка, едниот во износ од 55.668 евра и 3.508 на девизна штедна книшка, а другиот е 11.523 евра на девизна сметка.

Пратеничката на СДСМ, Марија Костадинова, довчерашна директорка на основно училиште во Миравци, пријавила имот на компанија во вредност од 19,2 милиони денари.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...