10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаОбјавен оглас за вработување на 200 војници во АРМ

Објавен оглас за вработување на 200 војници во АРМ

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 200 професионални војници на служба во македонската армијата, за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од четири години со можност за негово продолжување, најмногу до навршување на 45 години возраст.

Во огласот соти дека кандидатите треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат посебна здравствена и физичка способност, да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Работното време е од 8 часот до 16 часот. Платата изнесува над 25.000 денари, со дополнителни над 8.000 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.

Сите детали во огласот може да ги видите ОВДЕ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...