14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаЕстрадаНастана револт помеѓу пејачите во Македонија: Некои пејачи добија помош од државата...

Настана револт помеѓу пејачите во Македонија: Некои пејачи добија помош од државата по 29.000 денари а некои по 0.

Владата на некои од уметниците им исплати 29.000 денари, односно по 14.500 денари за април и за мај,на уметниците за кои комисија проценила дека се во незавидна состојба.

И покрај поделените пари, имаше незадоволни естрадни уметници, кои на своите профили ја споделуваат листата со имиња на нивни колеги за кои тврдат дека добиле државна помош поради коронакризата и обвинуваат дека многу од нив не требало да добијат ниту денар бидејќи не се социјално загрозени. На листата има голем број имиња од фолк, а помалку од поп-естрадата. Ѓоко Танески, Димитар Андоновски,
Александра Јанева, Ивица Брчиоски („Ареа“) одмзабавната сцена, а од фолк-муизчарите пари добиле Сузана Гавазова, Анета Наковска, Благица Павловска,
Ирена Спасовска, Вики Среброва и нејзиниот син Нико Сребров, Цане Петров, Горан Кукиќ, Златко и Влатко Миладиноски, синот на Војо Стојаноски, Дамјан, Татијана Стефановска, Ани Малинкова и други…

Во периодот на пандемијата најбурно реагираамуметниците што пеат на свадби, кои реално беа најпогодени од кризата бидејќи семејните веселби беа
забранети веднаш во март. Но, изборот сега ги налутинивните колеги кои пеат само на свадби, а немаат турнеи, па тие обвинуваат дека финансиска помош им
се доделила на музичари што пред кризата имале голем број настапи и турнеи кај нашата дијаспора и дека тие не се во незавидна положба. Некои од нив и сега
настапувале во локали според новите протоколи, а оние
на кои помошта им била најпотребна останале без денар целиот овој период.
На крајот на август Владата донесе измени во врска со забраната за организирање музички настапи. Се дозволи да се одржуваат настапи во живо во отворени и затворени делови на угостителските објекти, а уметниците што треба да се во состав најмногу до петчлена, да бидат на бина која е пет метри оддалечена од првите маси.

Пишува:Репортер

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

СДСМ: Ги очекуваме првичните резултати од изборите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, прес-конференција по завршувањето на претседателските избори, Скопје, 24.4.2024 година Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, а граѓаните својата...

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131