14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Зедно со братот Борисов ќе го најдеме и решението за Гоце...

Заев: Зедно со братот Борисов ќе го најдеме и решението за Гоце Делчев

Верувам во европска Бугарија, убеден сум дека ќе изнајдеме решение за Гоце Делчев, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата.

– Ова е шестата историска личност за која треба да разговараме. Четвртото историско поглавје кое е пред нас – рече Заев.

Првата меѓувладина седница на Македонија и Бугарија се очекува некаде околу крајот на годината.

– Напоменувам актуелен, модерен, меѓународно интегриран и со изучување на универзитетите, македонскиот јазик, симбол на нашиот идентитет. Европска вредност е самоопределувањето. Верувам во европска Бугарија и знам дека ги поддржуваат европските вредности – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање за бугарскиот меморандум испратен до членките на Европската Унија, со кои Бугарија го наведува македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот.

Заев нагласи дека идентитетските прашања треба да бидат надвор од било какви разговори.

– Мојот пријател премиерот Борисов, се обраќа кон македонскиот народ, зборува дека постои македонски јазик и тука нема дилеми. Остануваме пријателски насочени, затоа што низ пријателството можеме да ги решаваме сите проблеми – рече Заев.

Во меѓувреме, Македонија и Бугарија се организатори, односно домаќини на Берлинскиот процес.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...