8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаКумановец за малку ќе плател 10.000 евра, мислејќи дека ги спасува ќерката...

Кумановец за малку ќе плател 10.000 евра, мислејќи дека ги спасува ќерката и зетот од затвор

Кумановец (86) бил потенцијална жртва на изманик кој му барал пари за неговиот зет да не оди во затвор, поради наводна сообраќајна несреќа, информираше денеска СВР Куманово.Изманикот му барал 35.000 евра за да не оди зет му во затвор, бидејќи во наводната сообраќајка животот го загубил малолетен мигрант. Осумдесет и шестгодишниот кумановец се согласил да плати 10.000 евра, но се јавил на ќерка си која го информирала дека лицето, се обидува да го измами.

Ќерката (54) на повозрасниот човек, вчера во 9:30 го пријавила случајот во СВР Куманово.

– 54-годишна жена од Куманово пријавила дека на 14-ти септември, годинава едно лице се обидело да го измами нејзиниот 86-годишен татко за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето се јавило на нејзиниот татко и го известило дека неговите ќерка и зет направиле сообраќајна незгода во која починал малолетник мигрант, по што од него побарале 35.000 евра за да не оди зет му во затвор. Според пријавеното, 86-годишникот прифатил да им даде 10.000 евра, а откако тргнал на договореното место за примопредавање на парите, се јавил на ќерка му која го информирала дека немале направено сообраќајна незгода и дека лицето се обидува да го измами, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Извор Канал 5

 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...